На денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски истакна дека според државните институции, Владата на СДСМ во изминативе 3 месеци, односно во вториот квартал, повторно ги зголеми јавниот и државниот долг,
Тој посочи дека расипничкото и недомаќинско владеење на СДСМ со државата и парите на граѓаните резултираше со зголемување на јавниот долг во изминативе 3 месеци за 54 милиони евра, додека пак државниот долг се зголеми за 29 милиони евра.
-Или малку попрецизно, секој ден изминативе 3 месеци, јавниот долг се зголемува за над половина милион евра или поточно 580.645 евра дневно, додека пак државниот долг се зголемува секој ден за 311.827 евра. Точно, во право е Зоран Заев. Новиот ден е се потежок и потежок откако е СДСМ на власт. Ова Зоран Заев го говореше кога граѓаните сеуште не знаеја за каков патолошки лажго станува збор, а сега, замислете секој ден јавниот долг го зголемуваат за над половина милион евра, нагласи Арсовски.
Според него во вторник исто така тежок ден за државата, СДСМ планира да ја задолжи државата за нови 32.5 милиони евра. И така скоро половина мандат им помина од задолжување во задолжување, а немаат реализирано ниту еден единствен проект.
-Економијата тоне, БДП производ се килави не може да мрдне повисоко од 0, земјоделието никогаш не било полошо, стопанството и градежништвото бележат вртоглави падови, граѓаните секојдневно тонат во долгови. Нема нови автопати, нема нови училишта, нема нови градинки, нема нови студентски домови, нема нови болници, нема повисоки субвенции за земјоделците, нема повисоки пензии, нема повисоки плати, едноставно нема ништо од тоа што ветуваа СДСМ во пред изборите. На крајот од денот, сите сфатија дека СДСМ, Зоран Заев, Кочо Анѓушев, Венко Филипче и останатите дојдоа на власт и седнаа во фотелјите единствено да уништуваат и да прават сомнителни зделки каде што бенефит имаат нивните приватни фирми, а штетата ја трпат државата и ние граѓаните. Тоа јасно се виде и од последните скандали „Криминални иновации” и „Крвави тендери”, каде што пред очите на јавноста на најбезобразен и насилнички начин се обидоа да украдат над 45 милиони евра во една иста недела. Сега гледаме на повидок е и нов скандал со распределба на државни пари по нивни блиски фирми, потенцираше партискиот портпарол.
Тој додава дека освен вртоглави задолжувања, делење пари и сомнителни тендери на нивни лични и блиски фирми на СДСМ, ништо друго не видоа граѓаните од нив изминативе година дена. Граѓаните единствено трпат штета на свој личен грб.
-ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да престане со расипничкото однесување и неразумните задолжувања. ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да се откаже од намерите предвидени од фискалната стратегија со која што државниот и јавниот долг би отишле над 50% од БДП. Но, затоа еден ден кога ќе се врати правната држава и кога правосудството нема да е заробено од СДСМ, сите оние кои што работат во моментов сомнително ќе одговараат. Македонија и граѓаните на крајот ќе победат, истакна Арсовски на денешната прес-конференција.