ВМРО ДПМНЕ- реагира на последната анкета на поратлот „Факултети.мк“, според која над 80 проценти од младите во Република Македонија би ја напуштиле државата.

-СДСМ ги разочара младите. Дури 83,7 проценти на млади лица на анкетата на порталот Факулетит.мк одговориле дека би заминале од  Република Македонија кога би можеле и би имале шанса. Фрапантни се процентите кои покажуваат дека младите не се задоволни од оваа криминогена влада на СДСМ на која единствен приоритет и се бизнис интересите и милионските тендер склучени во четири очи. Младите се најголемата жртва на лагите и манипулациите на криминалната влада на СДСМ и Зоран Заев, се што им ветуваа брда и долини, а немаат направено ништо, велат од партијата.

Од ВМРО- ДПМНЕ сметаат дека за СДСМ младите никогаш не биле приоритет.

-Младинската гаранција, изградба на студентски град и тоа во првите 6 месеци од преземањето на функцијата како и подобрување на студентскиот стандард, погодност за студентите и младите невработени на СДСМ се проекти кои останаа само празно слово на хартија. СДСМ и Заев ги измамија младите. СДСМ и Заев за скоро две години од нивниот мандат освен што ги излажаа и манипулираа студентите, покажаа дека немаат намера да направат ништо добро за младите, велат од ВМРО- ДПМНЕ.

Од опозициската партија потенцираат дека нивниот фокус се младите.

-Затоа ВМРО – ДПМНЕ во новата програма планира пристапи кои ќе ги поттикнат најдобрите студенти, ќе направат мост помеѓу образованието и бизнис заедницата, ќе ги подобри состојбите во образованието и ќе понуди остварливи цели за нормализирање на животот на младите, тука, во Македонија, велат од партијата.

-СДСМ и Заев се директно одговорни за уништување на младите и затоа мора час поскоро да заминат.  На Македонија и требаат млади кои одново ќе треба да ја издигнат државата од пустошот кој го направи Заев и СДСМ!, заклучува партијата.