Начинот на СДСМ да ги донесе измените во Изборниот законик се обид за создавање на простор за манипулирање и изигрување на волјата на граѓаните. Со тоа, СДСМ сака да ги заобиколи демократската процедура и воспоставената демократска пракса, ваквите измени да се носат во консултација и согласност со опозицијата. Само на тој начин може да се гарантира фер и демократски услови при изборен процес и вистинско изразување на волјата на граѓаните.

Ова се истакнува во реакција на ВМРО-ДПМНЕ за подметната измена на Изборниот закон во Собранието на Република Македонија од страна на Владата, која беше прифатена од владејачкото мнозинство.

– Флагрантната злоупотреба на европското знаме на закони кои не се во согласност со европското право е само уште еден од низата директни удари врз демократијата. Лажното подметнување на ставот на Венецијанската комисија е уште еден доказ дека СДСМ ги преминува сите граници на пристојност и демократска култура, што во целост не соодветствува со европските вредности. ВМРО-ДПМНЕ останува на принципиелните барања, востановени и усогласени помеѓу работните групи уште во март за околу концептот за финансирање на политичките партии и влада согласно договорот од Пржино како гарант за создавање демократски услови за изборен процес, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

И се додада дека „криминалите на Зоран Заев и картелот на власт не може и не смее да се покриваат со продавање на највисоките национални интереси и напад врз демократијата во Република Македонија“