Бесплатниот превоз на средношколците е обезбеден во време на ВМРО-ДПМНЕ, а средните училишта во голема мера беа реконструирани исто така во време додека градоначалник беше Коце Трајановски, се вели во соопштението на оваа партија на денешните изјави на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
– Поточно немаше средно училиште каде немаше направено обемен реконструкционен зафат. Кога сме кај фасадите Шилегов е градоначалникот кој промовираше фасада на средното училиште Јосип Броз Тито иако таа е завршена пред 4 години. Шилегов наместо да се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ да понесе одговорност за коруптивните зделки на директорот на ЈСП и воедно за бруталните наредби на газење на скопјани со багери само затоа што протестираа против уништувањето на зеленилото на Водно, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Натаму се додава дека Шилегов е најголемиот неработник меѓу градоначалниците кои заедно со титулата најбогат градоначалник на Балканот ја има титулата најкорумпиран.