СДСМ загази во криминал и сите манипулации околу референдумот и партиските преговори се само обид да се покрие грабежот што се одвива во моментов, соопшти Центарот за комуниукации на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека граѓаните се вознемирени дали ќе биде распишан референдум и дали тој ќе биде задолжителен или консултативен, Зоран Заев дава монопол и 35 милиони евра на фирма која постои еден месец и е единствена која конкурирала. Додека граѓаните се во дилема околу двосмисленото прашање што се предлага, Зоран Заев фрла 350.000 евра за мебел и кујни во МЕПСО.

Додека граѓаните се грижат за составот на државната изборна комисија што треба да го реализира референдумот и да гарантира фер гласање, Заев дели 10 милиони евра на фирми на Кочо Анѓушев, Хари Локвенец и други сопартијци и послушници, претставувајќи ги како иноватори. Зоран Заев и владеачкото мнозинство по секоја цена сакаат да го реализираат штетниот и капитулантски договор со Грција.

Со погазување на Уставот и законите Зоран Заев и СДСМ на најбрутален начин го газат достоинството на Македонија и македонските граѓани“, се истакнува во соопштението.

Обидот да се измени Изборниот законик со мнозинство од 61 пратеник без било каква консултација со експертите и опозицијата говори за фрустрациите на Заев, се додава во истотот соопштение и прито се нагласува дека „никој во досегашната парламентарна историја не се обидел да ги заобиколи демократските принципи кои се градени од сите релевантни политички партии со децении наназад“.

„Огромното мнозинство на граѓаните на Република Македонија даваат поддршка на европските и западни вредности, но никако не даваат на овие катастрофални и погубни политки водени од Зоран Заев. Договорот со Грција не е добар. Тој во ниту еден случај не го гарантира македонскиот идентитет. Со овој договор се брише името Република Македонија, македонската историја, традиција и култура “, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на опозцисиката партија.