ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски е 8 години министер, тоа што не функционира системот е негова вина, Вања можела да биде спасена

/ 17.12.2023

ВМРО-ДПМНЕ преку прес конференција извади доказ од кој јасно се гледа дека МВР на Спасовски знаела дека возилото на убиениот Панче е исчезнато и ме распишале централна објава по него.

Доколку МВР на Спасовски распишеше централна објава по возилото на Панче, и неговите убијци ќе биле фатени уште на 24-ти ноември кога влегло во Скопје или на 25-ти кога повторно е лоцирано на камерите на „Безбеден град“.

МВР на Спасовски имало 3 дена кога возилото на Панче било возено низ Скопје да ги фати убијците на Панче, со што до убиството на Вања немало да дојде.

Наместо празни изјави и правдање Спасовски да понесе одговорност, а со него и СДС зошто го уништија системот, работа од која сега ги гледаме жртвите, се наведува во партиската реакција.


Од истата категорија