Интересно е што последниот ден Спасовски се сети дека постои нарко мафија. Таа иста нарко мафија 7 години претходно јадеше од раката на Спасовски, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Но не кажува и дека прво осомничениот од нарко мафијата која тргувала дрога од Латинска Америка, Шеваљ е другар и пријател на новиот технички премиер Талат Џафери.

Како порано на Спасовски не му сметаше нарко кланот од Грчец, па се сликаше со него?

За на крај, наградно прашање кој е овој европеец до Талат Џафери?

Или сепак не, велат од партијата.