Денес, четврток (30.06.2022) во 19:00 часот ќе се одржи седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
По седницата, ќе следува изјава пред Централниот штаб на партијата.
Вечерва со почеток во 20:15 часот ќе се одржи 57- та седница на Владата на Република Северна Македонија, соопштија од „Илинденска“.
Иако во владиното соопштение не е наведено за што ќе се расправа, извесно е дека вонредната седница е закажана за Владата да биде запознаена со новиот француски предлог за решавање на спорот со Бугарија и почеток на преговорите на земјава со ЕУ, кој денеска пристигна во Скопје.
По одржувањето на седницата, Владата ќе ја информира јавноста, се додава во соопштението.
Во исто време, од владината прес-служба најавија и прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски, која според најавата треба да се одржи во 20 часот и 30 минути, само 15 минути по закажаниот почеток на владината седница.