Правда во Македонија нема. Убиецот на Мартин Нешковски е на слобода, а луѓе лежат за обичен прекршок кога немаат пари да ја платат казната. Двајцата убијци од Арачиново се ослободени, за убиството на три деца, а на Зоран Заев му се заблагоруваат за ослободувањето.
Ова се нагласува во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на за правото на правдата во Република Македонија.
– Власта не кажува кои се Кики и Фрики, а нема фирма која не е изрекетирана. ОЈО не поведува постапка против Драги Рашковски, иако има сомненија дека сторил милионски криминал, а новинари се викаат во станици и им се врши тортура. Обелоденет е најголемиот рекетарски скандал, бизнисмени јавно говорат, изнудувани се милиони во период од неколку месеци, а Катица Јанева во чие име е вршен рекетот се шета на слобода. Зоран Заев е главата на криминалниот октопод кој ја има запоседнато државата последниве три години. Зоран Заев е гаранцијата за неказнивост на сите криминалци и мафијаши кои ги мачат граѓаните. Зоран Заев мора да си замине. Граѓаните заслужуваат да живеат мирен живот. Потребни се итни предвремени парламентарни избори, и ЈО кое ќе биде финансиски независно и ќе може да биде непристрасно, се вели во соопштението.