Град Скопје во континуитет продолжува со реализација на мерките што имаат за цел намалување на загадувањето и обезбедување чиста животна средина за сите, соопшти СДСМ.

– Во текон на вчерашниот ден и денеска, на територија на Град Скопје се одвива масовна акција за генерално чистење на градот. Во сите општини во Град Скопје се одвива масовно чистење при што се ангажирани целите технички и човечки потенцијали на Градот и јавните претпијатија под негова надлежност. Се чистат диви депонии, се метат и мијат сите градски и општински улици, се кастрат дрвја и грмушки, се пополнуваат ударни дупки по улиците. Паралелно со акцијата за чистење, се засилува и инспекцискиот надзор кој има за цел да стави крај на недозволеното одлагање смет на јавни површини. Во таа насока, вчера за прват во историјата на Град Скопје е напишана првата кривична пријава за неовластено фрлање смет. Град Скопје и сите надлежни институции остануваат посветени на реализација на мерките што обезбедуваат почист воздух и здрава животна средина за сите, затоа што тоа се основите за зголемување на квалитетот на живот на граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ.