Власта сака имотот на АД Славија кој вреди над 20 милиони евра да го продаде за 200 илјади евра на лица блиски до Заеви.

Ова се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ кое го објавуваме во целост:

Имотот на АД Славија, чија што само управна зграда и земјиште под и околу зградата вреди над 10 милиони евра сака да го продаде за 200.000 евра.

АД Славија покрај управната зграда има и голем број на други објекти на атрактивни локации.

Продажбата на АД Славија за 200.000 евра е грабеж на народот.

Изговорот на власта дека се работи за продажба на акции не држи вода. Бидејќи целокупниот број на акции се продава 200.000 евра, а со поседување на акциите се поседува и целокупниот имот чија вредност е сто пати поголема од сумата по која власта сака да го продаде претпријатието со целиот негов имот.

Дали зад оваа продажба по багателна цена се крие фирма и лица блиски до Заеви која треба да стане сопственик на имотот на АД Славија? И дали затоа власта толку жестоко го брани овој криминал?

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ