Власта во Град Скопје СДС, Левица и ДУИ гласаа речиси 2 милиони евра за покривање на криминалот на Данела во ЈСП, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Точно се виде дека постои јавна коалиција помеѓу СДС, Левица и ДУИ со чии гласови ЈСП доби нови 2 милиони евра, без образложение за што ќе се трошат тие пари. Политичкото дно Данела Арсовска покажа дека Градот Скопје го води кон банкрот, со јавната поддршка на ДУИ, СДС и Левица. Овие пари ќе се трошат на нови вработувања, тендери и набавка на резервни делови од омилените компании на Данела Арсовска.

Тајната коалиција стана јавна, а Арсовска покажа дека е личност чии раце се натопени во криминал.

Јавноста мора да знае дека неспособноста и неработата имаат име и презиме, а тоа се врзува со Данела Арсовска и јавната коалиција СДС, Левица и ДУИ.