Немирите и насилството не се патот кон поцврста демократија, туку начин на нејзино подривање. Информациите од Вашингтон се загрижувачки, но во исто време сме и убедени дека ќе победи демократијата, слободата и правото – коментираат од ВМРО-ДПМНЕ по вчерашните немири во Вашингтон кога поддржувачи на Доналд Трамп влегоа на Конгрес.

Единствено ваквите настани им одат во прилог на оние кои создаваат поделби, не посакуваат единство кај народот, и кои зад завесата на немилите инциденти извлекуваат лична корист. Насилството не е патот кон поцврста демократија – стои во твит на партијата.