ВМРО-ДПМНЕ ЗА НАЗНАЧУВАЊЕТО НА БУЧКОВСКИ: Очаен обид на Заев да најде сојузници во СДСМ за трговијата со јазикот и идентитетот!

/ 01.12.2020

Кадарот Владо Бучковски не е никаков скриен ас на Заев во преговорите, туку очаен обид да се најде жртва кому ќе се препише поразот на политиките на премиерот во заминување Зоран Заев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по назначувањето на Бучковски за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија.

Назначувањето на Владо Бучковски е и потврда дека во СДСМ врие и на овој начин Заев преку доделување на функции се обидува да најде сојузници да ја зачува својата фотелја бидејќи со погубните политики не само што се доведува во прашање егзистенцијата на премиерското место туку и на претседателското во СДСМ.

Наместо замајување на јавноста со стари и истрошени кадри Заев треба да одговори за што точно тајно преговара со бугарската влада овој викенд и дали е се тргува со историјата, јазикот, македонското малцинство идентитетот.

Зошто Заев отфрли постигнување на национален консензус за ова прашање и зошто се плаши од национално единство во разговорите со Бугарија?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 


Од истата категорија