Половина милион граѓани на Македонија живеат со две евра на ден, а Заев и неговите министри земаат по три просечни нето плати месечно, се вели во денешното соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Ги видовме платите на министрите, сега да видиме до каде се постапките за криминалите на тие министри заглавени во државните лавиринти. Да се разјасни до каде е аферата „Leonardo will win“ на Рашкоски, каде се парите на рекетот кои завршија според сведочењето на осудениот Јовановски кај Зоран и Вице Заев, аферата „Дака и панамските пари за 2000 стана во Тетово“, аферата „Иловица и бугарските врски на Заев“, и редица други криминали. Меѓу другото ја повикуваме владата на централно и локално ниво да ги објави членовите на управни и надзорни одбори кои земаат илјадници денари паушали на грбот на народот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.