Институционално рекетирање веќе не смее да се повтори и не смее да има амнестија за криминалот, реагира ВМРО-ДПМНЕ во врска со лидеркста средба.

– Целиот октопод мора да биде разоткриен и санкциониран. Правдата мора да ги стигне сите партиски и владини функционери, но и останати опскурни ликови вклучени во криминалот на цело со главата на октоподот. Злоупотреба на институциите за политички притисоци и изнуда на пари е недозволива во иднина. Зоран Заев и корумпираното друштво околу него се исплашени бидејќи се фатени живи во криминал. Зоран Заев и СДСМ не ги интересира европската иднина на Македонија. Зоран Заев и СДСМ ги интересира само како да спасат жива глава и да бидат амнестирани за злоделата што целата јавност ги виде. Зоран Заев и СДСМ се подготвени да носат неуставни закони, спротивно на европската пракса и меѓународните конвенции за да се амнестираат од одговорност. Зоран Заев и СДСМ сакаат конфузни и неодржливи решенија само за да може на мала врата да си заминат од функција неказнети, се вели во реакцијата.

Граѓаните, се додава во соопштението, очекуваат правда и одговорност!

– Граѓаните очекуваат законите да важат подеднакво за сите. Нови Катици и нови специјални решенија по крими теркови му требаат само на Заев за да се надева на трета амнестија. Македонија тоне од ден во ден со криминалната банда на власт. Граѓаните очекуваат обнова на Македонија. Амнестија за криминалот повеќе не смее да има. Злоупотреба на институциите повеќе не смее да има. Зоран Заев и СДСМ изгубија драгоцено време за Република Македонија. Зоран Заев и СДСМ истрошија три години за масовен грабеж на земјата. Следи обнова на Македонија, а одговорност ќе има и за Заев и за секој криминал што го направиле неговите соработници, колку и да се обидуваат да ги опструираат процесите, се вели во соопштението.