Граѓаните на Република Македонија живеат во секојдневие исполнето со порази и измами, сервирани од Зоран Заев. Бројките, статистиките и податоците се поразителни, буквално на секое поле. Македонија тоне, а Зоран Заев не уверува дека блескаме.

Ова се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев продолжува со негативните рекорди. Годинава капиталните инвестиции се полоши и од минатата. За првите 4 месеци од оваа година реализацијата на капиталните инвестиции изнесува катастрофални 9,8 проценти. Наместо прилив, Македонија бележи негативен биланс, односно одлив на капиталот од странски директни инвестиции кој во март изнесува 6,8 милиони евра. Споредбено со претходните 10 години странските директни инвестиции во првите четири месеци од годинава се убедливо на дното. Со ова уште еднаш се потврдува тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ, дека минатогодишното ниво странски директни инвестиции е резултат на работата на претходната влада, а македонската економија се уште ја крепат инвестициите привлечени во Македонија во времето на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во сооопштението од опозициската партија.

На лагата, се додава натаму, и се кратки нозете.

– Се поголем број на граѓани отворено го изразуваат незадоволството од погубните политики на власта, неостварените ветувања, неработењето и неспособноста на Зоран Заев и неговата криминална банда. За оваа клапа која буквално ја уназади државата на секое поле најважни се личните бизниси, а буџетската сметка ја третираат како лична сметка за исплата на партиските пајташи и послушници кои се најзаслужни за фотелјата која ја доби Заев. Животот дојде за малкумината околу Заев, додека 500 илјади граѓани живеат со еден оброк на ден. На овој чемер и јад кој го донесе Заев мора да се стави крај, а крајот е близу, Зоран Заев веќе не може да ги лаже и манипулира граѓаните на Република Македонија. Неговата неуспешна политичка приказна која е погубна за државата и граѓаните е на самиот крај. Граѓаните ќе го испратат Заев во политичка пензија на следните парламентарни избори, се вели во соопштението.