Зоран Заев е заглавен до гуша во криминал. Аболицираниот Заев е исплашен бидејќи корупцијата, расипништвото и неспособноста на неговата власт се главна тема во медиумите. Токму поради тоа се обидува по секоја цена да ги заплаши и замолчи.
Ова се истакнува во денешното соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– Криминалната банда на власт се плаши од вистината за нејзиното владеење и поради оваа причина врши притисоци и им се заканува на медиумите. Затоа кривично гонат новинари и медиуми. Пратеникот на СДСМ и поранешен Генерален секретар, Александар Кирацовски лично го тужи директорот на „Прва Република“ за текст објавен на порталот „Република“ во кој се пренесува туѓ став. За жал ова не е изолиран случај па така откако Заев и речиси целиот државен врв најавија тужба за уредникот на порталот „Инфомакс“, Александар Митовски наредбата ја спроведе Јовевски и обвинителството. Митовски заработи кривична пријава за наводно оддавање на службена тајна откако ја објави вистината за најголемата криминална афера во историјата на Македонија, аферата Рекет, се вели во соопштението.
Опозициската партија најостро реагира на притисоците од власта врз медиумите:
– На денот кога новинарите одржуваа протест против цензурата и притисоците врз медиумите полицијата влезе во уште една информативна редакција. Полицијата влезе во редакцијата на порталот „НетПрес“ поради објавен текст за аферата „Леонардо“ во која лично е вмешан еден од најблиските соработници на Зоран Заев, Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски. Претходно новинари беа повикувани на службени разговори наместо криминалците од власта. ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува нападите врз медиумите, нападите врз слободата на говорот. Медиумските слободи и слободата на говор се едни од основните постулати на Европската Унија кон чие членство се стреми Република Македонија. Заев во обид да го заштити криминалот ја загрозува иднината на сите граѓани на Република Македонија. Попусти се притисоците и заканите вистината секогаш излегува на виделина, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.