Во Македонија под режимот на мафијата на Заев, граѓани од прв и втор ред има и дури и во издавањето на пасоши. И тоа во прв ред се криминалците блиски до Заев, дури и странските, а во втор ред се сите останати граѓани на Македонија.

Ова се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, кое го пренесуваме во целост:

Заев и Оливер Спасовски им дадоа пасоши на озлогласени и најбарани светски криминалци, но не им даваат на македонските граѓани.

Откако граѓаните на Македонија се изначекаа за пасоши, МВР на Спасовски донесе одлука дека истечените пасоши ќе важеле до крај на годината, притоа оставајќи ги граѓаните без валидна патна исправа со која ќе може да патуваат во странство и да ги завршат своите обврски.

Спасовски може да дава гаранции само во Македонија, но во странство никој не гарантира дека македонски граѓанин со истечен пасош ќе биде примен на граница, а уште помалку дека некоја друга странска институција ќе го признае истиот.

И додека нарко босови, мафијаши и терористи шетаат низ светот со пасошите кои им ги дадоа Заев и Спасовски со нив убиваат, тргуваат со дрога, перат пари и вршат грабежи, македонските граѓани се лишени и од лекување во странство.

Заради мафијата на Заев македонските граѓани се оставени на цедило и може да останат без лекување или престој во странство бидејќи МВР на Спасовски не им издало нов пасош и не може да гарантира дека таму ќе го признаат истечениот.

Уште помалку ниту Спасовски ниту Заев можат да гарантираат дека полиција во странство нема да ги приведе македонските граѓани откако ќе ги легитимира и ќе види дека немаат валидна патна исправа.

Има пасоши за нарко босови од Црна Гора, мафијаши од Италија, Турција и Албанија, кланови од Мексико, па дури и за терористи на ИСИС, ама нема за македонски граѓани.

Македонските граѓани за оваа власт на СДСМ не постојат, бидејќи не се дел од мафијашките крими шеми на кланот Заеви тие се граѓани од втор ред.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ