Заев, премиерот во заминување да си оди и од СДСМ по најголемиот пораз во историјата на локалните избори, се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, кое подолу го објавуваме во целост:

Заев е делегитимиран од народот. Со пораз од над 100.000 гласови, народот покажа на 31-ви октомври дека Заев не треба да биде ниту еден ден повеќе на власт.

Зоран Заев изгуби во над 40 општини.

Народот му даде црвен картон на Заев, премиерот во заминување, кој треба да си замине и од СДСМ.

Колку побргу Заев си замине од политичката сцена, толку подобро за државата.

Зад себе тој ќе остави само криминал, корупција и сиромаштија која ја донесе за народот. За првите две работи ќе одговара, а за третата тој и неговата партија долго време ќе бидат опозиција.

Време е за промени. Време е за проекти и победи.

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ