Околу 650 бугарски државјани во Македонија гласале на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, а најмногу гласови освоил ГЕРБ на експремиерот Бојко Борисов.

На седум избирачки места во Македонија, ГЕРБ освоил 207 гласови, што е 31,5 отсто од вкупниот број, според првичните неофицијални резултати на Централната изборна комисија. Втора по освоени гласови во Македонија е ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов со 136 гласа, или 20,7 отсто. Партиите на Борисов и Каракачанов освоија најмногу гласови во Македонија и на претходните избори во јули и април.

Ја продолжуваме промената (ПП), новоформираната партија која победи на изборите во Бугарија, во Македонија освоила 68 гласови, или 10,3 отсто, Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов со 21 глас или 3,2 отсто.

Во Македонија, за бугарските избори се гласаше во Скопје, Охрид, Струмица, Кавадарци, Прилеп, Битола и Штип.