Згрозени сме од недоличното однесување на Данела Арсовска, која како градоначалник, наместо како пример за добро однесување и управување е пример како не смее да се однесува јавен функционер се вели соопштението на ВМРО ДПМНЕ по денешните настани во Советот на Град Скопје и вербалниот судир меѓу Трајко Славески и Данела Арсовска.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ го поддржува правото Славески да го спроведува деловникот дословно.

На македонската јавност и е преку глава од циркузот кој го организира власта, па згора на се сега треба да го гледа и циркузот во режија на Арсовска.

Да посветуваше толку внимание на работа и проекти, немаше Скопје да биде руиниран град.

ВМРО-ДПМНЕ не сака да биде дел од циркузот на Арсовска, се вели во соопштението.