ВМРОВЦИТЕ ОД КАВАДАРЦИ ДО ЈАНЧЕВ: Жално е што нашата идеја ја злоупотребија тие што одработуваат за двоецот Заев-Мијалков!

/ 01.08.2020

Зоран ЈОВАНЧЕВ, ОК ВМРО-ДПМНЕ, Кавадарци:

„ВМРО ДПМНЕ е историја, континуитет и концепт. Ние сме генерација на политичари кои ја имаме честа но и одговорноста да се бориме за зачувување на македонските национални интереси и да ја продолжиме и шириме идеата на Гоце, Даме, Карев, Ченто, Богдановски, но и плејада на родољубиви патриоти кои животот го посветија на самостојна и суверена Република Македонија. Во нашата борба имавме, а и сеуште имаме илјадници поддржувачи на нашата визија за подобар живот, почитувајќи го минатото и борејќи се за посветла иднина на нашите идни поколенија. Жал ми е што нашата идеја во текот на изминатиот период, одредени структури кој преку злоупотреба на предзнакот ВМРО станаа препознатливи во јавниот и општествен живот со ништо не допринесоа во нашата борба против најголемото зло во современа Македонија, наречена СДСМ и Зоран Заев. Напротив мошне вешто и подмукло одработија за нивните политички ментори Заев – Мијалков. Затоа во предвечерието на најголемиот Македонски празник Илинден на сите оние кои се обидуваат на брутален начин да наштетат на најголемата политичка партија во Македонија сакам да им порачам: ВМРО ДПМНЕ не е на распродажба, Христијан Мицкоски е легитимен лидер кој на овие избори победи во 42 општини во Македонија.“

Исто така и потпретседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци Слободан Ивановски, сподели статус на својата Фејсбук страница во кој истакнува дека брендот ВМРО- ДПМНЕ го посакувале многумина, мислејќи дека преку тој бренд ќе си ги задоволат своите лични интереси.
-Сепак брендот им припаѓа на членовите и на сите оние кои изминативе години чесно и искрено работеа за партијата борејќи се против двоецот Заев-Мијалков, напиша тој.

 


Од истата категорија