Премиерот се избира според бројот на пратеници кои ќе гласаат во параламентот, а не според етничката припадност, изјави американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мари Брнз во интервју за весникот на албански јазик „Коха”.

Брнз ваков одговор даде на прашањето „што мисли за барањето на ДУИ идниот премиер на Владата да биде Албанец“ и додаде дека плуралистички систем во земјава овозможува за тоа да одлучи парламентарното мнозинство, без оглед на етничката припадност.

– Зависи од мнозинството во парламентот кое ќе ја изгласа следната влада. Одредени квалификации на премиерот и неговата или нејзината способност да ја добие поддршката на мнозинството пратеници се по природа на вашиот парламентарен систем одлучувачки фактори тука, без оглед на етничката или политичката припадност, рече Брнз.

Таа кажа дека новата влада ќе мора да постави свои приоритети сега кога е овозможено членството во НАТО и напредокот кон ЕУ.

– Спроведувањето на потребните реформи и решавањето на прашањата на владеењето на правото и корупцијата, вклучително и спроведувањето на правдата со неказнивост, ќе биде клучно за овој процес, рече Брнз.

Таа рече дека новата влада треба да се формира во предвидените рокови, со цел да се продолжи борбата против здравствената криза со Ковид-19.