Со концерт на Андријана Јаневска, во пандемиски услови, почитувајќи ги мерките и препораките од надлежните, почнува 13-то издание на фестивалот Македонско културно лето во Пустец, Преспа, Р.Албанија. Фестивалот ќе трае до 07 август 2020 година.

Фестивалските настани со почеток во 19:00 часот ќе се одржат на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, а организатор на фестивалот е Здружение на Македонците по потекло од Албанија СОНЦЕ – Скопје, чиј директор е Едмонд Сотир.

– Покрај негативните последици од Ковид 19 имаме уште една позитивна вест, станува збор за МКЦ, (Македонски Културен Центар), за кој веруваме дека за наредната 2021 ќе стигнеме да го отвориме во Преспа, Р. Албанија, стои во соопштението од Здружението на Македонците по потекло од Албанија СОНЦЕ – Скопје.

Фестивалот Македонско културно лето годинава е поддржан од Министерство за култура, градоначалникот на Град Скопје, Кромберг и Шуберт, градоначалникот на Општина Пустец и од ЕВН Македонија.