Речиси истовремено додека во Република Македонија помпезно беше отворен бугарскиот клуб Ванчо Михајлов, за Македонците од Пиринска Македонија е затворен нивниот клуб за просторија за која сами си плаќале досега.
Станува збор за клубот во Благоевград (Горна Џумаја), од кој под притисок на бугарските власти врз сопственикот на објектот им било откажано гостопримството на Македонците, а клубот е затворен.
– Македонците од Благоевград на Велигден останаа без својот Македонски клуб. Македонците од Благоевград до пред неколку дена се собираа на состаноци во својот Македонски клуб во Благоевград. Клубот беше вo станбена зграда, изнајмен под кирија и каде Македонците држеа една мала просторија. Но, газдата натаа просторија(под притисок на булгарската полициja!?) им соопшти на Македонците да ja напуштат просторијата и така Македонците во Благоевград останаа на улица, без своj простор, каде што може да се собираат и да одржуваат состаноци. Македонците од Благоевград сега се на улица. Дали Македонците од Благоевград ќе имаме во скоро време свој Македонски клуб каде што ќе се собираме и во кој ќе одржуваме состаноци, само еден Господ знае… пишуваат Македонците од Благоевград во објавата на Фејсбук.
Така тече пријателството меѓу двете држави, Република Македонија и Република Бугарија. Во Битола отворање, а во Благоевград затворање на клубот.