Еден загинат и двајца разнети е билансот во престрелка што се случи синоќа во чајџилница на улицата Браќа Реџепагиќ во скопската населба Чаир, изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски за ТВ Шења.

Според Ангеловски, во пукањето, кое се случило во близина на училиштето Имри Елези, биле повредени три лица, а еден од ранетите починал.

Подетални информации се очекуваат во текот на денешниот ден.

Неофицијално, телевизијата објави дека и братот на загинатиот во вечерашната престрелка бил убиен за време на Рамазан минатата година.