Во борбите во северозападна Сирија загинаа 18 припадници на терористичката група Хајат Тахрир ал-Шарм и 26 припадници на владините сили, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Конфликтот се случи откако екстремистите, припадници на поранешниот огранок на Ал Каеда, започнаа офанзива во провинцијата Идлиб.

Официјална Москва и Анкара склучија договор со кој областа на која се водеа борбите е прогласена за демилитаризирана зона.

Сириското воздухопловство изврши воздушни напади во таа област.