Учениците се поринудени на целосна тишина откако едно училиште во Британија забрани тие да зборуваат на школските одмори.
На учениците им е забрането да зборуваат во ходниците затоа што училиштето Албани во Хорнчрч ги вратило старите правила – учениците не смеат да зборуваат во ходниците и мораат да чекаат во ред за да одат на настава. Тие што нема да бидат дисцплинирани добиваат казна од плус час по редовната настава.
Идејата за враќање на старите методи е воведена за да се внесе ред во училиштетот. Дури и во школскиот двор царува тишина. Наставниците им се заблагодаруваат на учениците кои ги следат правилата и велат дека состојбата е подобрена.
Во 2015 година на училиштето му била даде оценка „дека му се потребни подобрувања“, па во 2016 за главен наставник е поставена Вал Мејсон која 11 години работела како наставник по хуманитарни науки.
Лани во јуни таа ги воведе новите стриктни правила, а меѓу нив е и правилата за тишина, како и тоа за казна со изолација на тие ученици што нема да се однесуваат како што е предвидено. Таа вели дека за само поливна месец состојбата била драстично подобрена.
Но, некои од родителите не се согласуваат со таквите методи и анонимно додаваат дека за новите правила никој не ги консултирал.