Денеска почнува уривањето на галијата во реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“ во центарот на Скопје.
Како што објави порталот СДК, од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов им изјавиле дека „се исполнети правните услови за овој брод да биде тргнат од коритото на реката и издадено е решение денеска да почне да се отстранува дел по дел“.
Галијата ќе ја отстрануваат екипи од ЈП „Улици и патишта“, а се чека асистенција на полицијата за да почне интервенцијата.
Шилегов на почетокот од мандатот вети многу проекти за Скопје, досега речиси ниеден не реализира, а овој ветен „проект“ уште од јуни лани е на пат да го реализира.
Сега откако му завршува мандатот, и пред новите локални избори, Шилегов покажува мускули кон веќе изградениот проект „Скопје 2014“, како „надомест“ за неговите нереализирани: Тунел под Кале, нова концертна сала, трамвај на гумени тркала итн.