Само 328 бугарски државјани од Македонија се пријавиле за гласање на парламентарните избори во Бугарија што се одржаа вчера.

Според податоците на бугарската Централна изборна комисија за гласање најмногу од пријавените биле од Охрид 99, потоа од Струмица и Штип, во Скопје во бугарската амбасада имало 52 пријавени и во Битола 51 регистриран гласач.

Првичните неофицијални информации покажуваат дека во Македонија до затворањето на гласачките места за парламентарните избори во Бугарија во Скопје гласале 130 лица, во Охрид гласале 100 лица, во Штип 90, Струмица 81, а во Битола 70.

Во Македонија вчера се гласаше во дипломатско-конзуларните претставништва и на уште неколку гласачки места.

Претставници на бугарската власт деновиве изјавуваа дека во Македонија, според бројот на издадени бугарски пасоши, живеат повеќе од 100.000 Бугари.

Слично е и со гласањето во Албанија, каде што бројот на гласачи, според неофизијални информации, може да се изброи на прсти. Изминативе години Бугарија водеше пропаганда меѓу Македонците во Албанија, и често беа објавувани податоци дека „во Албанија живеат голем број Бугари“.