Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе ја посети Општина Крива Паланка, каде ќе положи цвеќе пред споменикот на Бранителите во кругот на Полициската станица во градот.

Како што соопшти МВР, Спасовски потоа во спортската сала „Бранители 2001“ ќе го отвори „17-от Меморијален турнир во мал фудбал“ во спомен на загинатите бранители.