Полицијата во Чиле упаси 29 годишен маж, кој со закани за поставени бомби, приземјил девет патнички авиони во Чиле, Перу и Аргентина.

Специјалната единица за борба против организиран криминал го упасила мажот во градот Антофагаста, во северниот дел на Чиле.

– Полицијата успеала да му влезе во трага на телефонските повици во кои имало заканување со експлозив во различни авиони, изјави денеска полицискиот портпарол Диего Рохас.

Упасеното лице денеска ќе се појави пред судија во Сантијаго, каде ќе му биде прочитано обвинението за закана со експлозив и предизвикување општа опасност. Полицијата не го објави неговото име.

Стотици патници и нивниот багаж останаа блокирани на аеродромите откако беа упатени заканите за авионите на компанијата Латам и Скај.

Виктор Вијалобос Колао, генерален директор на чилеанската управа за цивилен авиосообраќај, претходно кажа дека биле упатени вкупно 11 закани, од кои две биле „фиктивни“, а девет се однесувале на постоечки летови.