Во драматична акција, пожарникари спасиле 80-годишна кавадарчанка падната во бессознание

/ 24.11.2019

Вистинска драма се случувала вечерва во Кавадарци, при која пожарникари спасиле жена на возраст од околу 80 години, потврдија за МИА од кавадаречката Противпожарна единица.

– Дојде зетот кој побара помош оти никако не можел  да ја слушне на телефон бабата која живее на четврти кат, а не ја отворала влезната врата на станот во кој живеела. Бидејќи станот има блиндирана врата, а моравме да реагираме брзо, затоа што постоеше стравување да не и се случило нешто лошо, зедовме голема скала со корпа и еден од пожарникарите се качи на балконот на старицата. Го скрши стаклото од балконската  врата и ја отвори. Влезе и ја најде жената во бањата во бессознание. Веднаш повикавме брза помош и полиција, а во меѓувреме и пружавме помош, изјавија од Противпожарната единица.

Од Брзата помош во Кавадарци за МИА рекоа дека паднатиот шеќер бил проблемот, а сега жената била во добра состојба.


Од истата категорија