Во Естонија денеска почнуваат големи воени маневри на НАТО, што се сметаат за едни од најголемите одржани досега во историјата на Балтикот.
Маневрите ќе се одржат во Естонија во текот на следните две недели и во нив ќе учествуваат 15.000 војници од десет земји, меѓу кои британски, американски, фински и шведски, јави Би-би-си.
И покрај фактот што воените вежби беа планирани многу пред Русија да ја започне инвазијата на Украина, тие ќе се одржат во време на значително поголеми тензии меѓу НАТО и Москва.
Тие маневри се многу симболични за балтичките земји во контекст на руската воена операција во Украина, бидејќи имаат за цел да ја тестираат способноста на тие земји да одговорат на сличен упад на непријателските сили, наведува британскиот јавен сервис.