Во ЕУ замрзнати над 200 милијарди евра средства на руската Централна банка

/ 25.05.2023

Земјите од ЕУ замрзнаа средства на Централната банка на Руската Федерација (ЦБРФ) во износ од над 200 милијарди евра, соопштено е денеска во Брисел.

Портпарол на Европската комисија (ЕК), Кристијан Виганд, на прес-конференција зборуваше за обврските на земјите-членки на ЕУ да поднесат извештај за замрзнатите средства на ЦБРФ.

– Крајниот рок за такво известување беше 12 мај, а земјите од ЕУ пријавија повеќе од 200 милијарди евра замрзнати средства на ЦБРФ, рече тој.

Во меѓувреме, земјите-членки на ЕУ истражуваат начини како да искористат некои од замрзнатите средства за да придонесат за идната реконструкција на Украина.


Од истата категорија