Владата на Финска денеска поради новиот коронавирус препорача до крајот на мај да се откажат сите јавни собири со повеќе од 500 луѓе, изјави денеска премиерката Сана Марин.

Владината препорака уследи откако Финскиот институт за јавно здравје потврди дека бројот на заболени од Ковид-19 е зголемен за 50 лица, со што вкупниот број на индицирани се искачи на 109.

Финското Министерство за надворешни работи им препорача на граѓаните да ги избегнуваат патувањата во странство.