Ноќниот полициски час во Холандија ќе биде продолжен до 3 март, соопшти денеска владата на таа држава.

Холандскиот министер за правда Ферд Граперхаус пред состанокот на Владата изјави дека продолжувањето е потребно во борбата против ширењето на коронавирусот.

Полицискиот час во Холандија (од 20.00 до 04.00) беше воведен на 23 јануари, првпат по Втората светска војна, а тој потег на властите доведе до неколкудневни протести и немири.

По неколкумесечни мерки бројот на нови случаи во Холандија почна да опаѓа, но Владата предупреди дека новите мутации на коронавирусот можат да доведат до нов бран на пандемија.