Мукеш Амбани, најбогатиот Индиец го купи британскиот бренд, ланецот продавници за играчки Хемлиз стар 260 години.

Вредноста на договорот не се соопштува.

„Рилајенс брендс лимитид“, чиј сопственик Амбани, соопшти дека е потпишана спогодба со компанија од кинескиот конгломерат „Си банер интернејшенл“.

„Рилајенс индустриз“ веќе поседуваат 88 погони на Хемлиз во 29 индиски градови.

Хемлиз е основан 1760 година и е најстариот производител на играчки, а поседува вкупно 167 продавници во 18 земји. Лани компанијата пријави загуба од 9,2 милиона фунти, посочувајќи го Брегзитот и заканите од тероризам за одговорни за сè тоа.

Според „Форбс“, 62-годишниот Мукеш Амбани „тежи“ 50,7 милијарди долари.