Повеќе од 130 политичари се убиени во Мексико во камапњата за иборите кои ќе се одржат в недела, соопшти консултантската фирма Етлект, јавија повече светски агенции.

Во анализата се истакнува дека насилсатвото достигнало ниво како никогаш порано и дека се убиени вкупно 133 главно локални политичари.

В недела ќе се одржат претседателски, парламентарни и локални избори.

Ова е инаку најсмртоносната предизборна кампања во Мексико, земја која лани забележа рекордни 25.339 убиства. Војната против криминалните банди и нарко-картели која во 2006 година ја покрена владата на Фелипе Калдерон предизвика уште поголеми насилства во земјата. „Криминалците не се откажуваат да се ослободат од политичарите кои не можат да ги контролираат“, изјавил директорот на „Етелект“, Рубен Салазар.

Од 2006 година досега се убиени повеќе од 200.000 луѓе, но не се знае точно колку од овие жртви се поврзани со организиран криминал. Во истиот период, повеќе од 30.000 луѓе се исчезнати.