Kрвави борби продолжија во пристанишниот град Ходеидa на запад во Jемен каде во изминатите 24 часа загинаа над 150 луѓе додека ОН засилуваат притисок врз завојуваните страни за да се прекине судирот.

Портпарол на саудиската коалиција, полковник Турки ал-Малики рече дека операцијата продолжува.

– Провладините сили сакаат со офанзива „да засилат притисок“ врз бунтовниците Хути кои ја контролираат Ходеида и престолнината Сана за да не се вратат на преговарачка маса, изјави тој.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди на можни „катастрофални“ последици од евентуално разорување на пристанишптето во Ходеида низ кое во државата на која и се заканува глад, доаѓаат повеќе од три четвртини увоз и меѓународната хуманитарна помош.