Во Кина во последните 24 часа се евидентирани осум нови случаи на коронавирус, а сите се увезени, односно лицата пристигнале од странство, соопшти денеска кинеската Комисија за здравство.

Седми ден по ред во Пекинг нема регистрирани нови случаи, пренесуваат британските медиуми.

Комисијата, исто така, соопшти дека се откриени шест асимптоматски случаи, што Кина не ги вклучува во официјалните податоци за заболени.

Од почетокот на епидемијата во Кина, земјата во која вирусот се појави за првпат, заразени се вкупно 83.602 лица, а умреа 4.634.