Во Конго убиен италијанскиот амбасадор

/ 22.02.2021

Амбасадорот на Италија во Конго, Лука Атанасио, почина денеска од раните здобиени во нападот на конвој на Обединетите Нации на истокот на оваа африканска држава.

Атанасио беше женет и имаше три деца, а должноста амбасадор на Италија во Конго ја извршуваше од почетокот на 2018 година.

Ројтерс јавува дека италијанското министерство за надворешни работи ја потврдило смртта на амбасадорот и воен полицаец кој со него патувал при нападот во Конго.

Исто така, убиени се и неговиот возач и телохранител, изјави порпаролот на регионот Северен Киву, но не го прецизираше идентитетот на жртвите.

Целта на нападот била киднапирање на перонал на ОН.

Нападот се случи на конвојот северно од градот Гома, главен град на покраината Северн Киву, каде подолго од 25 години трае насилството на вооружените групи.

Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо, кој утрово се врати од Брисел откако слушна за нападот, изрази огромна болка поради тоа што се случи.


Од истата категорија