Земјотресот кој вечерва се случи на 5 км од Лерин, како и серијата од уште седум земјотреси што следеше потоа, ги вознемири жителите, бидејќи беше многу силен и плиток, а долго траеше и бучеше, јавуваат грчките медиуми.

Жителите на Лерин, според ЕРТ, излегле на улиците на градот.

Во градот има и штети на некои одредени објекти од постара градба, што може да се види и од фотографијата што се споделува ан социјалните мрежи.