Руски медиуми соопштија дека руските војници ги спасиле украинските пилоти на соборените хеликоптери Ми-8 додека се обидувале да ги евакуираат водачите на екстремистичкиот баталјон „Азов“ од Мариупол, објави порталот Република.

Како што претходно соопшти руското Министерство за одбрана, на 5 април руската армија собори два хеликоптери Ми-8 на украинската армија кои се обидоа да се пробијат до градот од морето во обид да ги евакуираат водачите на „Азов“.

Екипажот на еден хеликоптер го сочинувале пилотот Дмитриј Бурлаков и пилотот-стрелец Иван Гавриленко, кои преживеале благодарение на припадниците на руската армија кои ги префрлиле во воената болница во Мариупол.

– Им благодарам многу. Ме собраа од хеликоптерот додека лежев. Не ме оставија да умрам, вели Бурлаков.

И Гавриленко им се заблагодарува на руските војници што му го спасиле животот.

Според лекарите, Бурлаков бил во многу тешка состојба, но му била укажана стручна помош и неговата состојба сега е стабилна.

Видеото може да го отворите ТУКА.