Албанскиот премиер Еди Рама по првпат со остри тонови се обрати до Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција (СПАК) денеска од Конгресот на неговата социјалистичка партија.

Привлекувајќи го вниманието на казната на поранешната заменик-министерка за внатрешни работи Ровена Вода, Рама рече дека СПАК сè уште не се раздвижило за прогласувањето персона нон грата за корупција од страна на САД на поранешниот премиер Сали Бериша, иако тој никогаш не го спомна неговото име и семејството, кое исто така е прогласено за непожелно.

-Да се навратиме на казната 10 месеци затвор за гајба со риби. Што се прави вака, има десетици убиени и мртви, но жена е затворена за 10 килограми риба и изненадувањето е ова: додека СПАК се става во движење по едно партиско соопштение, но не и за ниту еден висок функционер. Тоа сеуште не е поттикнато од најсериозната изјава што е официјално дадена во последните 30 години од најголемиот сојузник на Албанија не за еден човек, туку за цела Албанија. Тој човек ја водеше Албанија. СПАК има изјава со која му се забранува на граѓанинот да влезе во САД а истата не може да се отфрли, туку да се произнесе или има основа или не, а што не може да го каже домашната политика, рече Рама.

Според него, за сите оние кои разбираат два грама од меѓународните односи и тежина со САД „тоа е камен на вратот на Албанија“.

-СПАК мора да го тргне овој камен од вратот на Албанија, делејќи го, има ли основа или нема основа, Албанците, па и оние без мозок, да ја добијат пораката дали има основа или нема. Од друга страна, никој не треба да биде изненаден или да го изгуби трпението. Кој мислеше дека правдата ќе ја започне војната со неправдата, отворајќи ги вратите на затворот. Правдата е гаранција за редот и законот, во земја во која немало правда 500 години. Не е како да се градат куќи, цреши, градини, автопатишта бара многу време и труд и бескрајно трпение бидејќи не е лесен пат, туку крајно тежок и полн со кривини, но не сме ние виновни. Никој пред нас воопшто не го започна овој пат, посочи тој.

Според него правосудната реформа доколку другите ја почнеле правосудната реформа порано „денес Албанија ќе беше друга држава и Албанците ќе зборуваа за други работи, но изгубени се 25 години“.

-Албанија беше лишена од многу можности и прилики од тоа време. Времето ги донесе, Албанија не ги искористи. Реформата во правосудството започна со долго задоцнување и денеска треба да бидеме многу трпеливи, додека се бориме за правда, мора да стискаме заби. Се казнува за ситници а за многу поголеми нешта се уште се молчи, отсечно кажа Рама.

Тој се задржа и на притворените функционери од редовите на неговата партија, велејќи дека тој ги предложил и избрал, но секој одговара за своите постапки и не може да се затскрива зад партијата.