Плаќањето на рускиот гас во рубљи не ги прекршува европските санкции, бидејќи Будимпешта има билатерален договор со Москва, изјави претставникот на унгарската влада Золтан Ковач во интервју за Си-Ен-Ен.

Така Ковач ја коментираше изјавата на шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која рече дека исплатата во рубљи ќе биде заобиколување на санкциите воведени кон Русија.

– Европската унија во моментов не купува гас и нафта за европските земји. Продолжуваме да се придржуваме до договорите склучени со Русија кои се однесуваат на нафтата и гасот. Според нив, техничкото прашање е во која валута ќе се плаќа гасот. Ова не значи заобиколување на каква било политика на санкции. Како што добро знаеме, унгарската економија и унгарското население зависат од рускиот гас за 85 отсто, рече Ковач.