Од јануари до ноември властите во Мексико регистрирале оваа година 25,3 илјади убиства што е за 1,3 илјади повеќе отколку во истиот период минатата година.

Најголем број убиства (2,57 илјади) имало во државата Долна Калифорнија.

Следуваат државите Гуанахуато (2,36 илјади), Гереро (2,12), Мексико (2,05 илјади) и Халиско (1,78 илјади).

Според властите, над 18,1 илјади убиства се извршени со огнено оружје.

Во 2017 година во Мексико беа убиени 31,1 илјади луѓе, рекорден број од постоењето статистика за таков вид криминал на федерално ниво.