Скопјанецот Никола Трајчевски, инаку член на ВМРО-ДПМНЕ, реагира на социјалните мрежи за законот со кој недела беше прогласен за неработен ден:

„Многу, многу, ама многу треба да си глуп, неспособен и во тешка заблуда, да мислиш дека со глумење квази скандинавски социјализам во ова гнило општество ќе направиш некому да му биде подобро.

Заради два-три проблематични сектора каде е пракса злоупотреба на трудот и не поради немање регулатива, туку поради неспособноста и корупцијата во истите тие институции што сега треба да го спроведат новиот закон, ја затвораш цела држава во недела!

Вие сте душмани на обичниот народ, на малиот бизнис, на се што е додадена вредност во оваа напатена држава. Општествен канцер!

П.С. Во моментов маркетите во моловите ви се поголеми кластери од сите предновогодишни прослави заедно!
Редици и хаос!“, пишува Трајчевски.

Мала прошетка по отворените маркети, дава јасен приказ дека момчето е во право. Во некои од нив, поради наплив на купувачи, речиси е невозможно да се дојде и до корпа за пазарење, да не зборуваме за количка. Ова е еднакво на состојбите кога се воведуваа карантини па илјадници луѓе се гужваа и го ширеа вирусот кој беше далеку помалку пренослив.

Според Роберт Малоун, еден од најголемите светски експерти во оваа област, оригиналниот вирус од Вухан со кого неуспешно се справувавме со карантините, се пренесуваше така што еден заразен заразуваше двајца. Кај „делта“ преносливоста е веќе зголемена на пет, односно еден заразен заразува петмина, а кај „омикрон“ еден заразен го пренесува вирусот на седум до десет други лица.

Е, сега, појдете до било кој отворен маркет и само погледнете колку се почитуваат протоколите за растојание, колку луѓе имаат маска под нос и се ќе ви стане јасно околу редовите на ова момче што ги пренесуваме погоре. А се што требаше да се направи е да се натераат газдите-милионери, да го почитваат ЗРО и да ги плаќаат работниците така како што треба. Оние што немаат милиони, и онака сами си работат и си ги отвораат продавниците!