Најмалку шест камерунски војници загинаа во напад на групата Боко Харам на северот на Камерун, каде џихадистите ги интензивираат своите напади.

Припадници на Боко Харам утринава извршија напад од шест возила со голем број орудија.

-Шест војници беа убиени, а четворица се ранети, соопштија локалните власти, додавајќи дека нападот се случил неколку десетици километри од границата со Нигерија.

Во насилствата на Боко Харем од 2009 година убиени се повеќе од 36.000 лица во северо-источна Нигерија. Околу два милиони жители од оваа област ги напуштиле своите домови и не смеат да се вратат во нив, а насилството оттогаш е проширено и во Камерун, Нигер и Чад.